Вејн Дајер е мотивациски говорник, терапевт и автор кој многумина го сметаат за „татко на мотивацијата“. Неговите животни лекции во себе кријат големи мудрости кои секој човек вреди да ги научи и применува. Прочитајте ги неговите мудри зборови кои ќе ви го променат погледот кон светот и начинот на живот…
1. Соработката е поважна од натпреварувањето
„Ако постојано сте во брзање и се обидувате да престигнете некого или пак туѓите резултати претставуваат мотивација за вас, тоа значи дека таа личност има контрола врз вас.“
Усовршувајте се толку многу што нема да имате време да се споредувате и натпреварувате со другите. Сите треба да работиме заедно, бидејќи чувството на разделеност само нѐ прави послаби и ни предизвикува болка и страдање.
2. Ако ги сакате луѓето, тогаш немојте да се обидувате да ги промените
„Љубовта значи способност и подготвеност да им дозволите на луѓето кои ви значат да бидат она што се, без никакво инсистирање на вашето лично задоволство.“
Кога сакате некого, го сакате поради она што е, без да ја наметнувате вашата волја и без постојани обиди да го промените.
3. Незнаењето не е благослов
„Највисоката форма на незнаење е кога ќе одбиете нешто за кое не знаете апсолутно ништо.“
Дозволете си себеси секој ден да го проширувате вашиот ум по малку. Престанете да ги етикетирате другите и ќе бидете посреќни. Ако постојано им велите „Не“ на необичните идеи, случувања и луѓе, како очекувате да напредувате во животот? Пробувајте нови работи во животот и ако пронајдете нешто што ќе ве направи посреќни, држете се до него. Ако налетате на нешто што има негативно влијание на вас, само ослободете се од него.
4. Вие не сте жртви на овој свет
„Кармата на луѓето зависи од тоа како се однесуваат со вас, но вашата карма зависи од тоа како реагирате вие на туѓото однесување.“
Кога изговарате речиници од типот „Ти ме излудуваш“, „Оваа ситуација ме вознемирува, не можам да поверува дека се однесуваш вака“ и слично, вие играте улога на жртва. Преземете одговорност за сопствените мисли, чувства и постапки. На тој начин, нема да им давате моќ на надворешните сили кои не можете да ги контролирате. Ако нешто негативно ви застане на патот, вие треба да застанете и наместо да реагирате, треба дадете одговор. Така нема да бидете жртва, туку личност која е свесна за внатрешната сила и моќ што ги поседува.
5. Пронајдете се во самотијата
„Не можете да бидете осамени, ако ја сакате личноста со која сте сами.“
Ако се чувствувате пријатно во своја кожа и ако навистина се сакате себеси, нема да се плашите да поминете некое време сами. Ќе уживате во времето за себе исто толку колку што уживате кога сте опкружени со луѓето кои ги сакате.
6. Одбивањето ве прави посилни
„Бидете им благодарни на сите луѓе кои ви кажале НЕ. Поради нив, вие сте успеале сѐ да постигнете сами.“
Ако имате верба и ако ги слушате вашето срце и интуиција, секогаш ќе знаете каде одите и што да правите со животот. Без оглед на тоа колку врати ќе ви се затворат, вие нема да се откажете и да го прифатите одбивањето, бидејќи тоа ќе ве направи посилни и подобри, а не поогорчени.
7. Не можете да добиете самопочит од другите луѓе
„Самопочитта не може да ви биде потврдена од другите луѓе. Вие вредите, затоа што вие така велите. Ако вашата вредност зависи од другите, тогаш тоа е нивна вредност.“
Доколку постојано барате одобрување и потврдување од другите, никогаш нема да бидете среќни. Сите сме различни и сите ги гледаме работите на различен начин, но вашата репутација е нешто што не можете да го контролирате. Вашата репутација не е во ваши раце и затоа престанете да им угодувате на сите околу вас и почнете да си угодувате самите себеси. Вие сте најважната личност во вашиот живот и ако не сте задоволни со тоа што сте, мали се шансите дека другите луѓе ќе уживаат во ваше друштво.
8. Не го привлекувате она што го сакате во животот, туку она што сте
„Ако сте опседнати со тоа да го поразите другиот и да победите по секоја цена, тогаш загарантирано е дека ќе привлечете вибрации што се еквивалентни на таквиот начин на размислување, без разлика дали вежбате јога и секој ден изговарате позитивни мантри.“
Луѓето честопати мислат дека ако се фокусираат на она што го сакаат, законот на привлечност ќе им го даде она што посакале, но работите не функционираат така. Доколку го прочистите вашиот ум и срце, ќе привлечете многу прекрасни работи во вашиот живот и нема вие да барате успех, туку успехот ќе ве бара вас. Но, ако вашиот ум и срце се полни со негативност, во вашиот живот ќе се појавуваат негативни работи во сите можни форми.
9. Не постојат граници за она што можете да го постигнете – вие сте неограничено битие
„Кога ги аргументирате вашите ограничувања, сѐ што добивате се вашите ограничувања.“
Она што можете да го постигнете не познава граници. Вие самите си наметнувате непостоечки граници.
10. Рајот на земјата е избор што мора самите да го направите, а не место што мора да го пронајдете
„Луѓето кои љубат живеат во свет полн со љубов. Луѓето кои се непријателски настроени живеат во непријателски свет. Станува збор за едниот ист свет.“
Ако се концентрирате на лошите работи, тоа е сѐ што ќе видите и привлечете во вашиот живот. Ако се фокусирате на добрите работи, тоа е сѐ што ќе видите и привлечете во животот.
11. Нема потреба да се нервирате за сѐ и сешто
„Добро утро, овде е универзумот. Јас ќе се фокусирам на твоите проблеми денес. Не ми треба твојата помош и затоа ти посакувам волшебен ден.“
Верувале или не, постои невидлива сила која го креира целиот свет и таа сила може да ни биде достапна во моментот кога ќе престанеме да се обидуваме сѐ да направиме сами и во моментот кога ќе одлучиме да им дозволиме на нештата да тргнат по нивниот природен пат и да се препуштиме на текот на работите.
12. Сѐ што ви треба, се крие во вас самите
„Имате сѐ што ви треба за да почувствувате целосен мир и среќа токму во овој момент.“
Во овој момент, сега и тука, вие имате сѐ. Ништо не ви недостасува. Одвојте барем по 5 минути дневно да поминете во мир и тишина и со текот на времето ќе сфатите дека можете да најдете среќа, мир и успех во секој момент од вашиот живот.
13. Вашиот личен развој нема крај
„Поединците кои се етикетираат самите себе велат: ’Јас сум готов производ во овој свет и никогаш нема да бидам поинаков’. Ако сте готов производ, спакуван и тргнат настрана, тогаш вие сте престанале да растете.“
Личниот развој не завршува со крајот на образованието. Ако престанете да се развивате, тоа е исто како да престанете да живеете.
14. Бидете реални, но очекувајте чуда
„Кога ќе почнете да верувате во себе и ќе ја гледате вашата душа како божествена и благородна, автоматски ќе се претворите во битие кое прави чуда.“
Во универзумот постои една голема сила која ќе ви биде достапна во моментот кога ќе почнете да живеете во согласност со она што сте длабоко во себе, правејќи чуда за вас и за луѓето кои ги сакате.
15. Следете го вашето срце и ќе бидете успешни
„Успехот во животот се темели на работите што ги сакате.“
Станува збор за вистина која само неколкумина ја живеат и истражуваат. Кога ќе ја откриете смислата на вашиот живот, кога ќе се обидете да го дадете најдоброто од себе на овој свет, успехот нема да изостане, а вие ќе ја пронајдете среќата која никогаш не сте помислиле дека би можело да биде ваша.