Првутот може да настане од повеќе причини. Тоа може да е поради сува кожа на главата или штетните состојќи во препаратите за нега на косата. Првутот е еден од најчестите проблеми кои се јавува кај голем дел од машката и женската популација но исто така за него постојат и голем број на продукти кои можат да помогнат во негово целосно отстранување, а меѓу нив се наоѓаат и неколку природни лекови кои веќе ги имате во вашиот дом.
Сода бикарбона и сок од лимот
Измешајте 1-2 лажици сода бикарбона со половина лажица сок од лимон и добиената смеса нанесете ја на скалпот со помош на четка. Држете околу 10-15 минути и потоа исплакнете ја косата со шампон.
Додадете аспирин во шампонот
Дали сте чуле за предностите на аспиринот и дали сте знаеле дека тој е еден од најдобрите лекови за првутот. Издеробете 2-3 таблети аспирин во вашиот шампон и при секое миење добро масирајте го скалпот, за крај не заборавајте да ставите регенератор на врвовите на косата.
Алое вера и сок од лимон
Користете природна алое вера која исто така помага да се намали црвенилото и чешањето на кожата која го создава првутот. Помешајте алое вера со сок од лимон и нанесете го на скалпот, оставете да делува околу 10-15 минути и добро исплакнете.
Кокосово масло и екстракт од рузмарин
Екстрактот од рузмарин помага да се намали проблемот со првутот за многу кратко време. Помешајте 1-2 лажици од двете состојќи и исто како и претходните, нанесете го на скалпот а притоа не заборавајте да го вмасирате во кожата со нежни движења. Оваа смеса оставете ја да делува 1 час и добро исплакнете со шампон.