Категории

Уловил риба тешка 600 килограми, па сега ќе стане милионер

Белугата е многу барана риба токму поради кавијар, а во моментот кога ја уловил овој среќник, оваа женка имала 93 килограми икра.

Еден среќник од Иран уловил Белуга тешка 600 килограми.

Некои мислат дека уловениот плен е всушност сом, но сепак станува збор за белуга од Каспиското море.

Белугата се бара за кавијар, а оваа женка во моментот кога ја уловил во себе имала 93 килограми игра! Оваа риба може да живее до 118 години. Таа е загрозен вид токму поради тоа што ја ловат за кавијар.

Инаку ова не е најголемиот уловен примерок. Во 1827-мата година во Волга била фатена женка тешка 1.571 килограм и долга 7,2 метри.

Според некои податоци, за килограм добар кавијар треба да издвоите 7.000 – 10.000 долари. Што значи дека овој среќник би можел да заработи околу 650.000 долари. И тоа само од икрата!

Прегледи:
476
Ознаки:
Објавено на:
15.04.2017