Микробрановата рерна е многу корисна во кујната, било да се користи за подгревање на оброците или подготвување на храната. Проблемот со неа се јавува по одредено време кгоа ќе почнуваат да се појавуваат флеки и дамки од сосеви кои летаат на неа, додека храната се подготвува.
Многу домаќинки мака мачат кога ќе дојде време за нивно миење, затоа што за да ја измиете морате добро да се намачите и под разни агли да ги буткате рацете во отворот на рерната. Прашање е дали и тогаш ќе го дофатите секое ќоше. По овој трик повеќе нема да морате да го одложувате миењето на рерната, а се што ви е потребно е сад со вода и вински оцет.
- Во садот со вода и оцет, ставете чечкалица за заби или дрвена лажичка (никако метална) и загрејте ја течноста на 10 минути на висока температура. Вашата микробранова ќе биде цела со пареа, додека течноста ќе испари и ќе ги омеклне деловите заостанати од тврдата храна, кои се закачиле во внатрешноста на апаратот.
Потоа со влажен сунѓер отстранете ги трагите од храна и вашиот уред ќе блесне и ќе биде чиста како кога сте го купиле.
Извор : reporter.mk