Денешниот ден меѓу народот е познат како светла среда. Постарите луѓе кажуваат дека ноќеска треба да се гледа во небото. Ако е ведро и ѕвездено, годината ќе биде родна. Ако има облаци, не чека година на сиромаштја и несреќа.
На небото посебно се бараат ѕвезди кои паѓаат. Се верува дека оној кој прв ќе здогледа една, ќе има повеќе среќа од останатите. Овој обичај се поврзува и со мртвите.
Ако во семејството некој неодамна ви починал, ноќеска треба да погледнете во небото.Велат дека денес после полноќ ќе падне и неговата ѕвезда.
Што значи ако сонувате гараво лице?
Ако во сон видите гараво лице тоа значи дека сакате некого или нешто што не можете да го имате. Можно е да сте заљубени во личност која е зафатена или која едноставно вас не ве сака.