Малото рибарско село Ferryland во Канада овие денови е туристичка атракција благодарение на огромна санта мраз која плови во близина на брегот.
Ова не е ништо чудно за оваа област, бидејќи многу често се случува тука да пловат санти мраз. но ова не е вообичаена санта мраз. Оваа е дури 15 метри повисока од онаа која го потона Титаник во 1912 година.
Се проценува дека сантата е стара 10.000 години, е тоа е нешто неверојатно и како што раскажуваат мештаните, нешто невидено досега.
Бидејќи сантата е во плитки води, веројатно ќе остане тука некое време.