Категории

Јелена Спенџарска се збогуваше од „Здраво Македонијо“: По скандалот разговараше со гледачот и лично му се извини! (видео)

Јелена Спенџарска беше времено суспендирана од Канал 5 телевизија по скандалот со еден гледач. Денес таа гостуваше во „Здраво Македонијо“ кај колегата Роберт Јанков, каде ја кажа својата страна на целата ситуацијата.

Таа откри дека нејзината приказна во „Здраво Македонијо“ завршува, им се заблагодари на колегите и е благодарна за сето стекнато искуство во оваа емисија. Јелeна најави дека ќе се појави на ТВ екраните во нешто сосема поинакво за многу кусо време.

Водителката дури го пронајде и гледачот и сними интервју со него во кое му се извини за дрскиот однос кон него.

Спонтаноста може да ти помогне, но и да те доведе во непријатни ситуации како што беше онаа со господинот што се јави во емисијата. Тоа беше еден момент каде што можеби требаше да си премолчам бидејќи нели молчењето е злато.

И без разлика што останав доследна на себе да бидам природна и спонтана во тој миг кажав нешто што не требаше. Тоа изгледаше непрофесионално од моја страна и не требаше да го кажам во таа ситуација. Сите имаме човечки особини и на моменти сме дрски и арогантни, но мене една таква ми се рефлектираше во погрешен момент.

Јас тој човек година дена го слушам барем три пати во неделата и никогаш не сум му кажала веќе да не се јавува, но ете една моја реакција предизвика хаос.

Најголемо извинување си должам на самата себе бидејќи требаше да размислам два пати пред да изреагирам така. Но мислам дека извинување треба да дадам и на господинот кој што се јави, иако јас за него знам многу работи бидејќи со некои гледачи ние буквално се будиме секој ден. Му должам на човекот и си поставив една мисија, го чекав да се јави, но баш тогаш не се јави. Најдов телефонски број, му се јавив, го снимив пред камера.

„Господине сакам лично да се запознаеме и сето тоа што го имате го кажете пред камера, му се обратив“, а тој ја прифати мојата покана да ја раскаже својата приказна пред ТВ камерите. Неговото име е Химо.

Химо откри дека се преселил од Црна Гора во Македонија пред земјотресот. Се оженил со жена Русинка има две деца машко и женско.

Во 1999 година останал технолошки вишок и денес живее со помош на внуците, браќата и сестрите.

Тој вели дека е катастрофа со здравјето, има тромбоза, операции итн. Не зима социјална помош.  Тврди дека е за Гинис и дека му е полесно кога ќе се исповеда.

На извинувањето од Спенџарска тој изјави:

Извинето нека ви е, немате згрешено вие ништо кон мене!

Извор : Вистина.мк

Прегледи:
767
Објавено на:
28.04.2017