Категории

Кој подобро поминува убавиот или упорниот?

Мажите кои го преценуваат својот физички изглед се во предност кај жените, покажаа неоддамнешните истражувања.

Самодовербата е клучна кога станува збор за освојување на жените. Мажот кој е задоволен со својот изглед, каков и да е, е сигурен во себе. Со сигурноста и приоѓа на жената, а таа тоа го чувствува.

Истражувањата покажале дека дури и најубавиот маж, ако нема самодоверба, ако е несигурен кога и приоѓа на жената ги губи шансите кај неа. Сигурноста и упорноста се многу важни особини за жената. Се разбира и физичкиот изглед има влијание, да не бидеме погрешно сфатени, но дајте си малку повеќе верба во себе, тоа е клучното.

Прегледи:
307
Објавено на:
28.04.2017