Категории

Џесика Честеин ја претстави новата колекција модни додатоци на Prada

Холивудската актерка Џесика Честеин блесна во втората кампања на луксузната италијанска модна куќа Prada за новата pre-fall колекција модни додатоци.
Во едиторијалот црвенокосата актерка позира пред објективот за кампањата која го доби називот „Паралели“. Во фокусот на колекцијата се наоѓаат фантастични женски ташни со графички принтови и интересни комбинации на бои, а тука се и извонредните statement чевли со необични потпетици, како и гламурозните очила за сонце кои изгледаат како оние кои ги носите легендарните диви. Кампањата е проследена и со краток филм кој актерката го изработи во соработка со Вили Ван дер Пјер, реномираниот фотограф на брендот.

Прегледи:
322
Објавено на:
04.05.2017