Категории

Тајната на безвременската убавина на французинките

Сигурно се прашувате во што се крие тајната на безвременската убавина на софистицираните французинки и како тие успеваат да изгледаат беспрекорно и на 19 и на 55 години.

Тие имаат самодоверба
Французинките се прифаќаат себеси онакви какви што се. Не обрнуваат внимание на своите брчки, големиот нос или вишокот килограми во подрачјето на струкот. Токму спротивното, тие ги носат своите недостатоци храбро како предности. Самоуверено и ефективно!

Тие ја негуваат својата кожа
Убавите парижанки од рана возраст водат максимална грижа за своето лице: Користат разни природни производи кои ја хидратизираат кожата, спијат 8 часа дневно и се хранат правилно. Тие секогаш ставаат креми со заштитен фактор пред да излезат надвор, без разлика дали е лето или зима.

Имаат свој стил на облекување
Општ познат мит е дека добриот стил е во крвта на франзунките, тие едноставно се раѓаат со истенчен и беспрекорен вкус за мода. Тие не се слепи следбенички на модата, наместо тоа купуваат и носат класични но елегантни парчиња. Квалитет пред квантитет.

Тие не се плашат од својот сексипил
Дали знаете колку французинки имаат статус на „секс симболи“ а не се повеќе во своите дваесетти?
Сигурно добро ги познавате Catherine Deneuve, Sophie Marceau, Laetitia Casta, Michèle Mercier, Juilette Binoche и бројни, бројни други..

Овие раскошни убавици не се срамат од своите брчки и не размислуваат кога ќе носат кратко здолниште или високи потпетици, едноставно носат се што ќе посакаат.

Тие се вечни романтичарки
Французинките се вечни романтичарки кои веруваат во љубовта и живеат за неа. Тие велат дека младоста се крие токму во неа.

Прегледи:
340
Објавено на:
06.05.2017