Категории

Јана Бурческа со бујно деколте и висок шлиц го запали Киев! (ФОТО)

Остануваат уште само неколку дена до евровизиското претставување на нашата Јана Бурческа во Киев кое ќе се случи во четврток (11.05) на втората полуфинална вечер.

Македонската делегација веќе е таму и ги привршува финалните подготовки, а градот целосно дише во евровизиски дух. Деновиве веќе се случи и официјалното отворање на големиот музички настан, а на црвениот килим зачекори и нашата делегација на чело со Јана.

По тој повод таа се појави во раскошно и елегантно издание од зелена тоалета со длабоко деколте и висок шлиц, кои го нагласија сексапилот на нашата претставничка. Креацијата е дело на дизајнерката Антонија Ристовска која исто така го изработи и сценскиот костим на Јана. Еве како изгледаше тоа на црвениот килим:

Извор : Вистина.мк

Прегледи:
517
Објавено на:
08.05.2017