Категории

Во кошулата, во очилата, македонскиот музичар преплавен со банкноти: Еве вака се прави свадба за паметење!

Македонскиот музичар објави неверојатна фотографија од свадбена прослава. Тој направил забава за паметење, а гостите одлично го наградиле за тоа.

Виртуозот на кларинет Исмаил Лумановски целиот е накитен со банкноти, па има дури и во јаката од кошулата и очилата.

Инаку Исмаил повеќе од една деценија живее и работи во Њујорк, САД. Неговиот природен талент, духот на традиционалните мелодии и дисциплината на класичната музика го одведоа Лумановски на многу познати музички сцени во светот и до многубројни награди.

Лумановски настапува во САД, Европа, на Блискиот Исток, Кореја и Кина и за своите изведби постојано добива позитивни критики.

Извор : Вистина.мк

Прегледи:
345
Објавено на:
12.05.2017