Лана Дел Реј ја разубави насловната страница на јунското издание на британскиот моден магазин Elle во гламурозно шаренило со потписот на Gucci.
Популарната американска музичка ѕвезда Лана Дел Реј овај јуни ќе ги краси страниците на модното списание. Во пресрет на нејзиниот 32 роденден идниот месец, таа позираше облечена во божествени цветни креации со потписот на Gucci и „наоружана“ со накитот на луксузниот бренд Cartier.
Во продолжение на едиторијалот, Лана сподели и кратко интервју во кое го сподели своето мислење за образованието и школувањето за што изјави дека луѓето се нај несреќни во училите поради структурата на образованието која веќе долго е сосема иста а децата денес не се задоволни со начинот на школување.
„Кога сте млади, не ви се пружи доволно можност да разговарате за темите како меѓусебните односи. Мислам дека акцентот се става на погрешните работи за жал и тоа веќе многу долго време“.