Категории

Секогаш ве иритира што кесата на чипсот е полупразна? Мора така, еве зошто?

Колку пати сте отвориле чипс и забележувате дека кесата е наполнета само до пола? Производителите имаат оправдана причина за ова!

Имено, тие намерно го остваат тој празен простор во кесата за да ги заштитат овие деликатни грицки од штетата која може да се случи за време на транспортот и грубото однесување со нив.

Кога кесите се наредени една над друга во текот на транспортот, целиот тој воздух служи како заштита на кршливиот чипс и спречува истиот да се претвори во трошки.

Притоа, во прашање не е само обичен воздух, туку азот.

Кислородот може да доведе до расипување на компирот, а влагата која се наоѓа во него може да направи чипсот да стане влажен.

За да се избегне ова, производителите ги полнат кесите со азот за чипсот да остане свеж. Притоа азотот не е штетен по нас затоа што 78 проценти е од воздухот кој го дишеме.

Извор : Македонија денес

Прегледи:
243
Објавено на:
19.05.2017