Мега популарната турска драма „Парампарче“ заврши со снимање неодамна со крајот на 97-та епизода. Актерската екипа ја прослави финалната епизода со голема забава во вилата, а откако спласнаа емоциите, вревата и работата, актерот Еркан Петекаја или главниот лик Џихан заедно со синот и сопругата ја напушти Турција.
Имено, тие ги спакуваа куферите и се упатија кон егзотичната Танзанија во Африка каде уживаат во дивината на сафари, плажа и што ли уште не.
После полни раце работа, Еркан конечно ќе се посвети на семејството за да го надополни целото време додега беше окупиран со „Парампарче“.
Извор : Вистина.мк