Современиот начин на живот не тера да јадеме само кога ќе најдеме време. Истражувачите од познатата лондонска установа King’s College дојдоја до тој заклучок: “Многу процеси поврзани со прехраната, метаболизмот и апетитот зависат од нашиот биолошки часовник. Нередовната исхрана доведува до пораст на шеќерите во крвта и појава на дијабетес и крвни заболувања.”
Три принципи на правилната исхрана:
Хранете се во одредено време. Појадокот, ручекот и вечерата нека секогаш ви бидат во точно време а избегнувајте да јадете веднаш пред спиење.
Внимавајте на калориите. Треба да јадете помалку отколку што трошите. Ако секој ден јадете тестенини и при тоа цело време седите на работа и дома, нормално е дека ќе добиете вишок килограми.
Намалете ја калоричноста на намирниците во текот на денот. Докажано е дека жените кои внесуваат повеќе калории во текот на појадокот наместо вечерата, побрзо се ослободуваат од вишокот килограми и имаат здраво ниво на шеќер во крвта.