Категории

Промена на локацијата на SKOPJE CALLING 2017

Најавените концерти во рамки на фестивалот SKOPJE CALLING 2017 ќе се одржат на стадионот на АРМ.

Како предходна локација за фестивалската вечер на 23-ти јуни на која е предвидено да настапат со свој сет MARTIN GARRIX, JAX JONES и ALEX ADAIR. Воедно се најавува и измена на локацијата на THIEVERY CORPORATION.

Имено, како причина за промена на локацијата е дадено одржувањето на Супер купот во фудбал, кој ќе се одржи во Телеком Арената и поради тоа случувањата ќе бидат на стадионот на АРМ, којшто е буквално до Телеком Арената во Скопје.

Согласно известувањето на Авалон, капацитетот останува ист, 20 илјади посетители, а билетите со истите категории (кои се продадени во количина од повеќе од пет илјади влезници низ целиот овој дел на Европа) ќе важат и за оваа локација.

Како што напоменавме, измена настанува и во однос на настапот на THIEVERY CORPORATION, којшто ќе биде уште поспектакуларен, бидејќи ќе се користи истата бина и продукција која ќе биде наменета за настапот на MARTIN GARRIX на 23 јуни, со тоа што за THIEVERY CORPORATION, просторот ќе биде адаптиран со капацитет од 5.000 посетители.