Категории

Ова е најскапо продадената ташна во светот

Ташната Birkin на мпдниот бренд Hermes е позната како симбол на луксуз а овој модел на ташна повторно го собори рекордот на најскапо продадена ташна  во светот. На аукцијата одржана во Хонг Конг моделот “Himalaya” од крокодилска кожа го собори претходниот рекорд на најскапо продадена ташна од истиот бренд од 300 000 со 380 000 долари. Во цената исто така придонесува и фактот што оваа ташна е украсена со дијаманти и копчиња од 18 каратно злато.

“Himalaya” го доби името по сиво-белите тонови кои потсетуваат на планинскиот ланец. Поради долгиот временски процес, годишно се произведуваат максимално две вакви ташни, тврдат од Hermes.

Прегледи:
500
Објавено на:
01.06.2017