Категории

Обид за терористички акт во ноќниот клуб „Станица 26“… еве кој е терористот! (ВИДЕО)

Популарниот скопски ноќен клуб „Станица 26“ беше местото каде една машка личност на возраст од оклу 30-ина години облечена во воена униформа се обидела да изврши терористички акт… и тоа љубовно-сексуален, „напаѓајќи“ млада девојка на шанкот, која користејќи го своето познавање на боречките вештини од Далечниот исток, лесно го совладалa здодевниот напаѓач!

Но,поведени од онаа, урбаната градска изрека: „Не добива убавиот, туку упорниот“, приказната потоа сосема неочекувано тргнува во обратна насока, па така жртвата одненадеж се претвора во љубовник, но и заштитник , до предмалку здодевниот додворувач!

Вака отприлика би можела да се раскаже приказната во новиот спот на Слаткаристика насловен како „Терориста“, кој Марко Маринковиќ и неговата продукција Иноватива пред некој ден го исфрлија во видеоетерот преку Јутјуб.

Режијата на видеото ја потпишува Огнен Шапковски, а музиката самиот Марко Маринковиќ – Слаткаристика за едно со Иван Јованов – Ивајо, чиј е и аранжманот, додека стиховите одново се авторско дело на Слаткарот.

Зад постпродукцијата и колор градингот на видеоспотот стои Вертиго Вижуал.

Како звучи и како изгледа Слаткар(истика) во улогата на љубовен терориста… од видеото во продолжение:

Извор : Вистина.мк

Прегледи:
701
Објавено на:
06.06.2017