Секој град, па дури и секое маало има свои херои, кои никој не ги знае по име, зашто сите ги викаат по прекарот. на некои дури и родителите речиси им го заборавиле името, а многумина од останатите не ни знаат како е нивното крстено име.
Битола е еден од специфичните градови каде речиси секоја градска „манга“ има свој прекар. Еве дел од најпознатите битолски прекари и нивното значење:
Распусто – оти е роден на 10 јуни
Лагата! – оти има куси нозе
Резило – пошол да си купва патики по влечки и по чорапи
Свиокот – живеел на некоја кривина!
Неспремното – оти ко му се пуштала некоја грда и и` рекол: „не сум спремен“.
Сантимо – за сантим немал два метра кутар тој 199цм….
Ајкула – оти ко ќе тргал марихуана ајкули му излегвале
ЌОШО – оти Ивица се вика
ЛАНОТО – Одпрво ЛАЈНО му викаја, па се лутел многу, па после нагалено почнаја ЛАНО да го викат!
Мутето – Оти мајка му и татко му глувонеми биле
ДРЏ – домашна расна џукела
Нитрото – оти црногорец е детето и “екстремно е брзо”
Индексо – прв во цела мала се запишал на факултет
ЏОГЕРО – висок, слаб со виткана коса
Купусо – оти се истрижал неубо и личел на зелка
Ленче шц – сите машки шц праеле ко ќе поминела
Спидот – оти секое лето шетал со Ѕpeedo влечки по Широк Сокак!
Индексо 2 – единствен во друштво со факултет
Децималнио – оти не е баш „точен“, не е нормален
Ќор – Оти на сите му викаше „Кај си Саша“
ФЛОРЕ – оти љубовницата му се викаше Флорида
Казанова – оти ко нов казан бил во главата
Пожаро – оти мајка му и татко му отишле во пожарна на родителска
Струјата – оти го акна струја од појачало за бас пред да почни свирката
РАБРАТА – професор по биологија шо секоја реченица ја завршвал со рабра? (разбра?)
Поштенио – оти секој ден покрај поштата поминвал
Коцката – Оти многу бил многу по коцкањето
Тротоаро – Оти едната нога му била покуса и му идела таман на тротоар да се качи.
Сатаро, Mачоро, Cаксo… – истото дете е ова! и на крајот од шо имал баеги прекари… РАНДОМО го завикаа!!
Крефкото – оти нон стоп фаули барал фудбал ко ќе играле.
Бојата – оти бил гламна црн.
Школскио – роден на 1 септември
Беќаро – оти три пати се женел и се разведвал.
Финио– оти ошол на поседок кај брачедите во Финска
КаГеБе (КГБ) – оти ко ќе играл кантер сите го барале.
Маката – оти кога да го побарале другарите за излегвање викал: не можам брат, мака ми е!
Блинкеро – Оти трепкал нон стоп со очите.
Дубако – од шо бил дебел ко дубак да имал голтнато
Наиме – го прашале: „како да те викаме тебе на прекар? Цела маала има прекари.“ – одговорил: „Неќам прекар, сакам наиме да ме викате.“ и така НАИМЕ го завикале!
Рингла – на персоната можело комотно цело тенџере за ајвар да му стои на главата
Празнио – избегал од час и после му се вадел на професорката дека бил да ја прегледа глата и ко го прашала професорката шо му нашле овај му рекол – НИШТО.
Тушнико – оти бил билдер
Кенгуро – Австралијанец кој живеј во Битола.
Пичкуро – за ова не би објаснувале.
Марката – оти носела само брендирана (марка) гардероба
Ќофтето – Оти ко ја прашале кај се стрижеше место кај Кебапо (прекар на еден фризер во Битола) рекла кај Ќофтето.
Кокошката – оти пилиња печел пред кафаната, и од шо го завикале кокошката ги тргнал пилињата.
Млекото – оти многу бел бил во фацата.
Ремено – бил многу слаб и двапати го вртел ремено.
Тоблеронето – оти фризурата му била како „Тоблероне“ чоколадата
Мозоко – оти на сите му делел ум.
Ајваро – оти ко мал си мачкал лепче ајвар и излегвал надвор
Акмако – оти ко се запознавала со Паљачо (пејачо на Чоканче) препрашала 3 пати како се вика и за да памти поубо Паљачо му рекол – абе како за палење, Упаљач ама без У – Паљач ме викат. Друго ден по корзо го видела и почнала да му вика Акмак (некако за палење Чакмак му дошло дека е).
Старомало – оти од мал кажвал озбилни работи
Колбасо – оти праел убај колбаси
Оџако – оти се заглавил во некој оџак
Лустеро – оти бил истрижан нула
Стапо – викал само стап ако земам!
Бабата – често одел кај баба му
Орката-Оти личел на орка
Фацата-Бил најголем фраер во маалото
Ринкачот-Бил на козметичар да му ги вадат мозолките од челото и од таму излегол ко со него да имат ринато.
Извор : Вистина.мк