Категории

Мартин Гарикс со одличен сет и неверојатно шоу го „запали“ Скопје

Skopje Calling вчеравечер се претвори во Skopje Burning откако младиот и моментално најпопуларниот светски диџеј, Мартин Гарикс, застана на сцената. 

Пред него, публиката ја загреваа Ampov, Duoz,  Alex Adair-и сепцијалниот гостин Justin Mylo, но Гарикс приреди спектакуларно музичко и визуелно шоу, какво што Скопје ретко гледа.

 

A post shared by srekja.mk (@srekja.mk) on

На сцената се појави по полноќ, ја поздрави публиката и тогаш почна вистинската забава.

Еуфорична атмосфера и голема посетеност го обележа второто издание на Skopje Calling, почнувајќи со Thievery Corporation во вторникот, па со кулминацијата на настаните вчеравечер.

Бројната публика постојано танцуваше и во еден глас се пееа хитовите како In the name of love и Scared to be lonley, а и многу други.

Публиката замина задоволна од ова доживување и секако, во очекување во следниот голем настан.

Прегледи:
425
Објавено на:
24.06.2017