Психолозита од Нортистерн универзитетот од Чикаго докажаа дека луѓето интезивното чувство на љубов ги прави еуфорични и го споредиле со првото конзумирања на дрога, кога корисникот се чувствува „хај“ (high).
Кога луѓето вистински се вљубени, единствено за што размислуваат е партнерот, а ако саканата личност ја нема во близина, чувството е идентичено како кај зависниците кои по секоја цена мораат да дојдат до дрога, пренесува порталот Мој доктор.
Со текот времето, тоа чувство бледее како развивањето на толеранција на дрога и само близината на партнерот повеќе не е доволна за постигнување екстаза.
Од друга страна, прекинувањето на врската доведува до идентични реакции на организмот кои се јавуваат кај зависникот кој подолго време е оставен без дрога.
Хемиската супстанца одговорна за феноменот вљубеност или „хај“ чувството е допамин, а делот од мозокот кој тогаш се активира се вика мезолимбички допамински состав.
Мозокот користи невротрансмитери, како што е допаминот, да ги регулира психичките функции и коминицира со телото и на тој начин влијае на психичката и физичката благосостојба – го стимулира метаболизмот, го поддржува системот на циркулација, ја отстранува депресијата и го регулира протокот на информации во мозокот.
Извор: Макфакс