Македонските претставници во ракометната Лига на шампиони Вардар и Металург ги дознаа своите противници во првата групна фаза во Лигата на шампионите.
Актуелниот македонски и европски првак Вардар одбраната на шампионската титула во елитното натпреварување ќе ја започне во А групата. Вардарци таму за противници ќе го има шпанскиот гигант Барселона, германскиот Рајн Некар Левен во чии редови настапува Филип Талевски, потоа францускиот тим Нант за којшто ново големо засилување е капитенот на македонската репрезентација Кирил Лазаров како и екипите на ППД Загреб (Хрватска), Пик Сегед (Унгарија), Висла (Полска) и Кристијанштад (Шведска).
Првопласираниот тим од групата ќе обезбеди директен пласман во четвртфиналето, додека останатите пет тимови ќе играат во првата нокаут рунда.
Во групат Б, покрај вицепрвакот ПСЖ, ќе играат Веспрем, Киелце, ПСЖ, Алборг, Мешков Брест, Целје, Фленсбург, Кил.
Вториот македонски претставник Металург ќе се натпреварува во групата „Д“.
Тимот од Автокоманда за противници ќе ги има: Мотор Запорожје (Украина), Монпелје (Франција), Бешикташ (Турција), Чеховски Медведи (Русија), како и победникот од квалификацискиот турнир на кој се наоѓаат Спортинг (Португалија), Кокс (Финска), Татран Прешов (Словачка) и Алпла (Австрија).
Во групата Ц ќе играат: Адемар Леон, Скјерн, Горење, Шафхаузен, Динамо Букурешт, Елверум
Најдобрите две екипи од овие две групи ќе играат во втората фаза.
Натпреварите од првото коло ќе се играат од 13 до 17 септември.