Колку и да уживаме во пивото, многумина мислат дека по пиењето на својот омилен освежителен пријалок се наоѓаат во проблеми. Надуен стомак и гасови се многу чести при конзумирањето пиво.
Сепак, во прашање не е цената која ја плаќаме за уживање затоа што соовој прост трик многу лесно можете да се решите од сите несакани последици кои пивото ги носи со себе.
Заборавете на пиво од козерва или шише и пијте го од чаша. Еве и зошто?
Еден од споредните продукти на ферментацијата на пивото е јаглерод диоксид. Тој до нашиот нос ги носи сите ароми на пивото и е заслужен за пената на врвот.
Иако јаглеродниот диоксид ни помага да уживаме во сите сензации на пивото, само во една козерва или шише пиво од 0,3 литри има две и пол пати повеќе CO2 и на големо желење тој мора некаде да заврши.
Кога пиеме пиво од шише или конзерва, следната голтка или парче храна го ослободува тој гас во нашиот организам и потоа следува надуеноста.
Најдобар начин да се ужива во пивото е да го сипете во ладна чаша и тоа под агол од 45 степени и притоа директно затоа што на тој начин јаглеродниот диоксид се ослободува во чашата, наместо во стомакот.