Категории

За хидратација и слабеење – зелен моќен шејк

Зелен моќен шејк, кој е одличен освежителен пијалок, а воедно хранлив и здрав за вашиот организам. 

Во летните денови неопходна е здрава хидратација, која воедно ќе се грижи за вашиот изглед, а ние ви предлагаме микс од зелен, лиснат зеленчук и малку овошје.

Тие имаа благотворно дејство на луѓето кои се мачат со вишок килограми, повишен холестерол или недостаток на енергија, затоа што зелениот лиснат зеленчук содржи големи количини на железо.

Потребно:

  • 5 свежо исчистени листови кељ/спанаќ
  • 1 излупен лимон
  • 1 исчистено јаболко
  • 2,5 cm корен од ѓумбир
  • Неколку листови свежо нане/босилек

Подготовка:

Сите состојки ставете ги во блендер заедно со 120ml ладна вода. Мешајте додека не добиете густа смеса. Овој сок може да го пиете како ужина, а може и да ви го замени појадокот.

Прегледи:
743
Објавено на:
09.07.2017