Категории

Секојдневни beauty навики кои се бескорисни дури и штетни

Во секојдневната женска рутина постојат одредени ситни “третмани” кои навидум изгледаат сосема нормални, но стручњаците направија детално истражување и открија дека дел од нив се сосема бескорисни и дури можат да му наштетат на здравјето.

Полирање на ноктите
Доколку го правите вашиот маникир сами во вашиот дом, тогаш заборавете на полирањето. Стручњаците уверуваат дека тоа го оштетува површинскиот слој на ноктите и прави тие почесто да се кршат и да пукаат.

Стилизирање на косата
Секојдневното третирање на косата со разни фенови,пегли, виткачи умее сериозно да го оштети влакното. Како и пречестото миење на косата . Ако пред еден ден сте ја стилизирале косата, тогаш наредниот ден избегнете повторна употреба на топлина, само поправете ја со помош на сув шампон, и ‘лак’спреј за долготрајност.

Пенлива купка
Дерматолозите советуваат да се внимава при изборот на препарсти кои ги користите при правењето купка во бањата кога сакате да се опуштите. Пената умее да ја исуши кожата и да довете до нејзино лупење. Наместо сапуни, користете есенцијални масла и производи кои содржат мед, млеко и овес.

Кубење на веѓите
Веѓите се најважниот дел од лицето кој го прави севкупниот изглед. Стручњаците советуваат да не ги кубите прекумерно без обзир дали тие се предебели. Доволно е еднаш во месецот да посетувате салон, во меѓувреме држете се настрана од пинцетата.

Прегледи:
241
Објавено на:
09.07.2017