Манекенката Софија Беварли, изгледа, го освоила срцето на Дан Билзериан.
Изгледа дека и оние најтврдите може да паднат. Имено, “кралот на Инстаграм”, Дан Билзериан, изгледа, се заљубил. Иако редовно се фотографира со Плејбој зајачици и разголени дами, последните недели ги намалил таквите активности на минимум.
Изгледа дека овие денови има очи само за една дама. Најголемиот фраер на светот константно објавува фотографии со манекенката Софија Беварли, со која интензивно се дружи.
Ја делат љубовта кон егзотичните дестинации и забавите па одлично си проаѓаат, а Дан со други жени сега објавува само пристојни фотографии, и тоа многу помалку од порано. Откако ја објавил фотографијата од заспаната Софија во својот авион, неговите фанови тврдат дека тој се заљубил во неа, додека други се прашуваат дали има некакви шанси Дан да се смири.