Кога во текот на летото клима уредите работат со полна пареа, важно е да знаете како да заштедите и да се разладите во исто време.
Дали е подобра варијанта да ја оставите климата да работи на умерена температура кога не сте дома или да ја зголемите до максимум кога сте дома, е прашање кое често се поставува.
Потрошувачката на енергија е голема во овој период, а на вас останува да одлучите како ќе заштедите пари кога се сметките во прашање.
Можеби ви се чини како непотребна потрошувачка на електрична енергија, кога ја вклучувате и исклучувате климата, но на тој начин ќе заштедите значително пари, и клима уредот ќе работи подобро.
Клима уредот е најефикасен кога работи со полна брзина, тогаш подобро ја елиминира влагата од вашиот стан.
Електрична енергија можете да заштедите и ако термостатот на клима уредот го поставите на повисока температура.
Многу важно разликата меѓу температурата во просторијата и надворешната температура да не е повеќе од 7 до 10 степени.
За максимална заштеда на енергија, клима уредот оставете го да работи на 26 или повеќе Целзиусови степени кога не сте дома.
Извор : Македонија Денес