Категории

Најчести грешки и предизвици кои ги демнат младите возачи

Брзо возење. Неискусниот млад возач не е во состојба да го процени потребното време и потребниот сопирачки пат за да се запре возилото. Исто така, млад и неискусен возач не е во состојба брзо е ефикасно да препознае опасни ситуации во сообраќајот. Иако рефлексите на младите возачите се остри и ефективни сепак чувството за вашето толкување на ситуациите и препознавање на потенцијалните опасности во сообраќајот не е толку развиено како кај поискусните возачи. Потребно е време и пракса за да се добие тоа чувство. Затоа особено важно е младите возачи да бидат смирени, да ја намалат брзината и максимално да ги почитуваат правилата за ограничување на брзината.

Возење под одвлечено внимание. Статистиката покажува дека младите возачи почесто страдаат во сообраќајни незгоди предизвикани од возење под одвлечено внимание. Тоа значи дека младите повеќе користат мобилен телефон, пишуваат пораки, консумираат храна, го подесуваат радиото, ја следат непосредната околина, прават козметичко средување, односно извршуваат голем број паралелни активности за време на возењето. Ваквото однесување во сообраќајот е опасно и недозволиво и неопходно е младите да ги променат лошите навики и да бидат активни и фокусирани учесници во сообраќајот.

Склоност кон непотребни ризициВозењето автомобил само по себе носи одреден ризик. Но кога истото е комбинирано со лоша одлука и лошо однесување, тогаш станува премногу опасно и претставува закана за животот и здравјето на сите учесници во сообраќајот, на пример:

-Поминување на жолто или црвено на семафор

-Брзо возење

-Неправилно пристигнување

-Возење под дејство на алкохол, итн.

Не користење безбедносен појасМладите возачи спаѓаат во групата возачи кои најмалку користат безбедносен појас. Безбедносните појаси не влијаат на тоа дали ќе се случи одредена сообраќајна незгода, но имаат големо влијание на тоа какви ќе бидат последиците од сообраќајните незгоди. Не ретко, безбедносниот појас е границата помеѓу животот и смртта. Затоа секогаш користете безбедносен појас.

Не држење безбедно растојание. Младите возачи немаат доволно искуство и не се во состојба да го проценат сопирачкиот пат на возилото и многу често учествуваат во сообраќајни незгоди поради небезбедно растојание. Една од работите на кои секој млад возач треба да обрне посебно внимание, е да држи поголемо и побезбедно растојание помеѓу возилата.

Корекција на грешки. Преземањето одредени дејствија за да се компензираат или да се исправат одредени грешки во сообраќајот, или да се избегнат одредени несакани ситуации во сообраќајот, за жал, многу пати ги доведува младите возачи во ситуација да ја загубат контролата над возилото и дополнително да ја направат ситуацијата поопасна, а последиците фатални. Не калкулирајте со ситуацијата. Она што е потребно, е да се намали брзината, да се држи безбедно растојание и секогаш да се остане смирен и концентриран во сообраќајот.

Возење додека се уморниНа секој млад човек му треба повеќе сон отколку на повозрасен човек. Сепак, младоста, лудоста, темпераментот, лажната самодоверба и динамиката на живот создаваат притисок кај младите возачи. Последицата е учество во сообраќајот кога се уморни, истрошени и ненасапини, а крајниот исход е сообраќајни незгоди со загубени човечки животи.

Возење со друштво. Природно е да сакаш да се возиш со друштво, особено кога си млад, но тоа може да биде опасно ако друштвото ти го одвлекува вниманието, те мотивира или те наведува на агресивно и неодговорно учество во сообраќајот. Тинејџер-патник во автомобил го зголемува ризикот од предизвикување сообраќајна незгода кога возачот е млад и неискусен. Без разлика на годините и на возачкото искуство, зад воланот покажи авторитет, биди свесен и совесен – сепак крајната одговорност е на возачот.

Возење погрешен автомобилМладите возачи имаат мерак за големи и моќни автомобили. Управувањето со овие автомобили бара поголеми вештини, бара способност и бара психолошка зрелост. Управувањето на моќен автомобил со високи перформанси значи и поголем ризик да се подлегне на притисокот од околината, значи ризик за брзо и неодговорно учество во сообраќајот, значи ризик да се загуби контролата над автомобилот и контролата на самиот себе, а со тоа и да се загрози сопствениот живот или животот на некој друг.

За да се заштитите и да се спасите од искушенија, предизвици и несакани ситуации најдобро е секој млад возач уште на самиот почеток да одбере соодветен автомобил кој одговара на неговата возачка способност и психолошка зрелост.

Нестрпливост. Нестрпливоста е карактеристична за младите и неискусни возачи и како резултат на тоа се преземаат опасни дејствија како брзо возење, неправилно пристигнување, слалом возење. Ваквото однесување во сообраќајот одзема животи и не може да се оправда на ниту еден начин. Возачка дозвола значи зрелост и доверба која треба да ја манифестира секој млад возач.

Возење под дејство на алкохол. Младоста оправдува многу нешта, но не и возење под дејство на алкохол. Возењето под дејство на алкохол е еднакво на посегнување по сопствениот живот или по животот на некој друг. Затоа никогаш, никаде, ниту еден единствен метар, не вози под дејство на алкохол. За мирна совест и долг живот.

Како млади возачи, веројатно ќе направите грешки, но грешките нема да бидат трагични и фатални ако ги следете советите на РСБСП. Затоа бидете внимателни и одговорни во сообраќајот и следете ги советите и препораките на РСБСП.

Прегледи:
463
Објавено на:
12.07.2017