Категории

Што е потребно за вашите гуми пред да тргнете на пат?

Летната сезона е во тек, секој слободен момент го користиме да избегаме од градскиот сообраќај и да се упатиме на некоја од летните дестинации.

Го полниме резервоарот, во куферите ставаме и повеќе од тоа што навистина ни е потребно и веќе со мислите сме на омилената плажа. Но, за да стигнеме до таму многу често занемаруваме да ја направиме најважната проверка за нашата безбедност – исправноста на гумите на возилото.

Затоа пред поаѓање до посакуваното место, постои уште една станица која задолжително треба да се посети – продажниот салон за гуми Олимпико. Освен тоа што е лидер на пазарот за пневматици, Олимпико располага и со сопствен сервис создаден според најсовремените светски стандарди, се со цел да обезбеди сигурност и удобност во возењето.

Една од основните проверки кои ги нуди тимот од докажани професионалци вработени во сервисот на Олимпико, е проверка на притисокот во гумите. Оваа проверка е од исклучително значење кога се поаѓа на долг пат или се носи поголем товар. Возењето на гуми со неправилен притисок е опасно и може да предизвика оштетување на гумите, како и да влијае на возењето, ракувањето и економичноста на возилото.

Освен притисокот, од големо влијание е и длабочината на шарата на гумите . Соодветната длабочина на шарите е од суштинско значење за да се спречи хидропланирањето и лизгањето. Минималната длабочина на шарите е 1,6 мм.

Исто така, не заборавајте да ја проверите резервната гума. Многу возачи носат резервна гума во своето возило, но сепак редовна проверка е неопходна, бидејќи по одреден период и оваа гума старее и треба да биде заменета.

Како последен, но не помалку важен совет – не носете премногу багаж. Возилото не треба да биде преоптоварено бидејќи тоа може да го скрати животниот век на гумите. Дополнителната тежина ја намалува економичноста на горивото.

Сервисниот дел има најсовремена опрема за монтажа, балансирање и ласерско 3Д центрирање на предница од познатиот aмерикански производител HUNTER. Сервисот е сертицифиран од Michelin и сите вработени во Сервисот и во продажбата се обучени во тренинг центрите на Michelin. Со простор од 300 М2, со капацитет кој дава можност во исто време да се опслужат шест патнички возила и дополнителни 250 Мза товарни возила, целиот Олимпико комплекс е единствен на Балканот од ваков тип.

Прегледи:
699
Објавено на:
14.07.2017