Категории

Минерали фотографирани одблиску, а резултатот е надреални уметнички фотографии

Шпанската фотографка Saida Valenzuela во нејзината нова фото серија Ехо  (Echoes) ја претвора убавината на природата во уметност. 

Фотографирајќи различни минерали, создава абстрактна уметност со колоритен и небичен флуид.

Секој минерал ги рефлектира нијансите на овие блескави камења. Понекогаш изгледа како песочна пустина, а некои изгледаат како небулозни облаци или ноќно небо, различните слики се восхитувачки. Како што нè потсетува Valenzuela, минералите, изработени од милиони кристални честички, се „уникатни и неповторливи дизајни како да се од друга планета; Сцени во разновидни бои и облици кои нè потсетуваат на морето, пустината, мочуриштата или земјата“.

Користејќи ја убавината на природата како нејзин водич, таа вешто создава зачудувачка ликовна серија. „Резултатот е автентично уметничко дело природно создадено без човечка интервенција што ни покажува дека природата е, и секогаш ќе биде, најдобриот уметник“, пишува Valenzuela.