Препишувањето на вашите услуги како свои од страна на шефот или недостатокот на поддршка за сработеното се главни причини за барање на ново работно место, но многумина даваат отказ и поради непоставувањето на јасни цели или пак, фокусирањето на мааните наместо на работата. Секој има свои причини за напуштање на работната позиција, но најчесто тоа е поради шефовите, вели ова истражување.
Лоши шефови – лоши вработени
Надредените кои ги поседуваат особините на психопат и нарцис, многу лесно ги пренесуваат на вработениот, па на тој начин создаваат насилници. Шефовите кои се “негативци” влијаат и врз менталното здравје на вработените, па така непријатната работна атмосфера води до стрес, депресија и анксиозност.
Секогаш е подобро да дадете отказ
Доколку се наоѓате во депресивна работна атмосфера, тоа ќе се одрази и на вашата продуктивност на работното место и ќе создаде чувство на бескорисност кое не е добро за вашата психа.
Ова се топ 10 причините поради кои вработените даваат отказ:
1. Шефот ги превзема заслугите за мојата работа (63%)
2. Шефот не верува во мене и не ме охрабрува (62%)
3. Шефот не го интересира дали сме претрупани со работа (58%)
4. Шефот не се залага за мене кога се во прашање паричните компензации – покачување, плата, бонуси (57%)
5. Шефот вработува/промовира неспособни вработени (56%)
6. Шефот не ме поддржа во несогласувањата со клиентот (55%)
7. Шефот не дава задачи – вработените не си ги знаат обврските (54%)
8. Шефот не дава ни малку слобода во извршувањето на задачите (53%)
9. Шефот повеќе се фокусира на мааните, отколку на моите способности (53%)
10. Шефот не ја поставува јасно својата цел (52%)