Џиџи Хадид ја прослави својата јубилејна 20-та насловница за “модната библија” Vogue со септемврискиот број на корејското издание.
Откако после само месец дена таа и нејзиното момче Зеин Малик позираа за американскиот Vogue, за краток период таа нанижа уште еден успех. Едиторијалот го фотографираше Henrique Gendre додека моделот носи парчиња од најновата колекција на Max Mara.