Категории

Да ја зголемиме читателската публика: Култура во една година подари 500 книги!

Читањето е изворот на целокупното знаење. Образованието од школските клупи продолжува во библиотека, во домот, во парк на клупа, во автобус, на плажа…секаде со книга во рака. Книгите треба да се дел од нашето секојдневие, бидејќи времето поминато читајќи книги е квалитетно потрошено време, а во нив се крие целата мудрост.

Многу истражувања ги потенцираат придобивките од времето поминато со книга, а руско – американскиот поет и есеист, Џозеф Бродски, ќе рече „Има полоши злосторства од горењето книги. Едно од нив е воопшто да не бидат прочитани.“ 

Со цел да ја зголеми читателската публика и да ја доближи книгата до сите, најстарата книжарница во градот, Култура, изминатава година подари над 500 книги. Многурбојните промоции, наградни игри и акции беа начинот на кој книгите стигнаа до луѓето. Да читаш книги е кул, но таа порака која се испраќа на читателите не е доволна, читањето е многу повеќе.

 

Читањето е храна за мозокот, тоа е забавна ментална стимулација, која го одржува мозокот активен. Колку повеќе го ангажирате мозокот, толку посилен и поздрав, а наместо кога се досадувате да го поминете времето гледајќи неедукативни телевизиски програми или на интернет, читајте книга, времето буквално ќе ви летне.

Многу истражувања и стручни лица ќе ви кажат дека читањето го подобрува помнењето и дека е одлична вежба за концентрација, се изострува помнењето и се зголемува интелектуалниот капацитет.

Книгите ја будат креативноста и ја зголемуваат љубопитноста, а книгата е најдобар начин да патувате, да откривате нови светови, да ја разбудите фантазијата и секоја книга ќе ве потикне на размислување и ќе ве научи нешто ново.

Опуштањето со книга после напорниот ден е најдобар одмор, а научните истражувања ни велат дека секое задлабочување во книгите не опушта и ни нуди бегство од секојденвието, а стресот од обврските и грижите се сведува на минимум.


Може да ви наброиме уште многу причини зашто да читате книги, но кога ќе го најдете вистинскиот жанр за вас, нема да престанете. Култура има широк спектар на жанрови на книги, каде секој ќе најде нешто за себе.

 

Детска и стручна литература, романтични, но и возбудливи приказни. Изминатава година имаше промоции и награди од секој жанр, од македонски и странски автори, беа организирани штандови со саемски цени насекаде во државата и се со цел да се задоволи секој читател и секој да ја најде својата нова омилена книга.

 

Култура ќе продолжи да се заложува за зголемување на читателската публика, а со новата сезона ни доаѓаат и нови промоции и изненадувања. Следете ја Култура на социјалните мрежи и секако, читајте книги.

Прегледи:
494
Објавено на:
01.09.2017