Српските медиуми на големо пишуваат за почетокот на новата сезона од популарното шоу „Твоето лице звучи познато“.
Како и изминатите сезони, така и оваа, гледачите може да очекуваат многу изненадувања, интересни познати натпреварувачи, но и членови во жирито. Минатата година Македонија ја однесе победата, односно Даниел Кајмакоски се покажа како најдобар во имитација, а пак годинава Македонците ќе навиваат за нашата позната пејачка со српска адреса – Тијана Дапчевиќ.
Па така, откако лани се проба како жири во шоуто за танцови таленти, сега ќе застане од другата страна на сцената и ќе ги покаже своите актерски и пејачки способности. За претстојниот проект и турбо периодот кој и следи , Тијана се пофали на социјалните мрежи и интернет каналот Јутјуб преку видео во кое ја имитира Лепа Брена, а колку е маестрална во тоа, гледате во продолжение:
https://www.youtube.com/watch?v=5pxBZbsw33M
Извор: Вистина.мк