Категории

Десет женски ретро имиња кои сакаме да се вратат

Колку девојки со име Вера познавате? А Ружа или Љуба (Љубица)? Веројатно малку, бидејќи овие имиња кои некогаш беа многу чести, сега веќе не се популарни. А всушност станува збор за преубави женски имиња за кои може да размислуват денешните новопечени родители.

 

Ова е листа на 10 традиционални ретро женски имиња кои би било убаво повторно да се во мода.

1.Руж(иц)а

Името кралица на цвеќето одлично прилега за секоја девојка. Истовремено е нежно, романтнично, но и силно и остава впечаток.

2.Лидија

Уште значи и „родена од Бога“, односно Лидија е првата христијанка во Макеоднија и во Европа која го примила христијанството од раката на апостол Павле.

3. Љуб(иц)а

Женско име со старословенско потекло. Постојат толкувања дека е настанато од цвеќето љубичица, но многу е поверојатно дека настанало од глаголот сака (љуби).

4. Мира

Постојат многу толкувања за ова име, но многу е веројатно дека настанало од зборот мир. Според латинските толкувања значи прекрасна.

4. Вер(иц)а

Името може да се преведе и како „онаа која верува“ или „онаа која е верна“. Според латинското значење, името може да се преведе како „онаа која е вистинска“.

5. Елена

Уште значи и светлина, сјајна.

6. Зор(иц)а

Зора, делото од денот кога на хоризонтот се појавува слаба светлост, симболизира крај на ноќта и почеток на денот.

8. Нада

Потекнува од именката надеж и уверува на позитивен исход на настаните и околносите во животот. Според грчката митологија, кога Пандора ја отворила кутијата и ги пуштила сите зла, останало само едно нешто, надежта.

9. Јасна

Името настанало од придаваката која означува светло, јасно,. Ова ретро име во себе има многу оптимизам и шарм.

10. Весна

Весна била божицата на пролетта, која носи убаво време и добрини.

Прегледи:
714
Ознаки:
·
Објавено на:
12.09.2017