Категории

Вака изгледа идеалниот маж во женските очи

Зависно од возраста, жените имаат различни  спецификации за тоа како би требало да изгледа мажот од соништата или со други зборови кажано идеалниот маж.

Па, затоа овие карактеристики се поделени во пет старосни групи.

Листа креирана на 20 години
1. Згоден,
2. Шармантен,
3. Финансиски независен,
4. Снаодлив,
5. Во добра физичка форма,
6. Облечен во стил,
7. Да има префинет вкус,
8. Внимателно да слуша што ќе му зборувате,
9. Полн со паметни изненадувања,
10. Романтичен и имагинативен љубовник.

Листа креирана на 30 години
1. Згоден – пожелно е да има коса на главата,
2. Да ја отвора вратата на автомобилот,
3. Да има доволно пари за излегувања и вечери по ресторани,
4. Да се смее на Вашите шеги,
5. Без приговори да ги носи кесите со намирници и куферите,
6. Да има најмалку една вратоврска,
7. Повеќе да слуша отколку што ќе зборува,
8. Да знае да ги почитува Вашите кулинарски вештини,
9. Да се сеќава на родендени и годишнини,
10. Со романтичен гест да Ве изненади најмалку еднаш неделно.

Листа направена на 40 години
1. Да не е физички пропаднат (малку ќелав е во ред),
2. Да вози автомобил само кога Вие ќе посакате,
3. Да има постојана работа,
4. Да потврдува со главата кога вие ќе зборувате,
5. Физички да биде способен да го преместува мебелот низ станот,
6. Да носи кошула која ќе му го прикрие стомакот,
7. Да знае да купи добро вино,
8. Правилно да ја користи даската во тоалетот,
9. Да се бричи за викенд,
10. Да ја забележува вашата смисла за хумор.

Листа направена на 50 години
1. Да ги средува влакната во носот и ушите,
2. Да не зева и да не се чеша во јавност,
3. Да не бара пари на заем,
4. Да не прераскажува еден виц по 100 пати,
5. Да носи чорапи во пар и чиста долна облека,
6. Физички да е подготвен да се симне од креветот кога е потребно,
7. Да сака готови јадења,
8. Да го помини сите важни датуми,
9. Да се бричи повремено за викенд,
10. Да не превртува со очи додека вие зборувате.

Листа направена во 60 години
1. Да не се плашат децата од него,
2. Да помни каде е тоалетот,
3. Да не требаат многу пари за издржување,
4. Да се сеќава за што се смее,
5. Да може да стои самостојно,
6. Во главно да е комплетно облечен,
7. Да сака мека храна,
8. Да знае каде ги остава забите,
9. Да ‘рчи малку,
10. Да не го исклучува апаратчето за слушање.

Извор : Бркајработа.мк

Прегледи:
350
Објавено на:
15.09.2017