Веќе оддамна се знае дека се пар, принцот Хари и прекрасната актерка Меган Маркл веќе неколку пати се појавија во јавност заедно, но овој пат го имаа својот прв јавен настан.
Invictus Games во Торонто беа местото каде принцот и 36 годишната ѕвезда на Suits се појавија заедно. Држејќи се за рака, принцот Хари гордо ја донесе неговата девојка на популарниот тениски меч, со што двајцата заљубени го имаа своето прво јавно појавување како двојка.
Јавното појавување значи дека нивната врска е прилично сериозна, па се шпекулира и скора веридба, особено заради фактот што Меган одбрала да носи кошула која го носи името The Husband, која инаку чини 300 долари и е дизајнирана од нејзината пријателка Misha Nonoo.
Парот го проследи натпреварот во убаво расположение, споделувајќи насмевки и нежности, додека шпекулациите за нив се зголемуваат.