Категории

Зимското сметање на времето почнува во сабота кон недела на полноќ

Оваа година зимското сметање на времето ќе започне во сабота кон недела на полноќ 28 кон 29 октомври, кога стрелките на часовниците ќе ги поместиме за еден час наназад.

Зимското сметање на времето во Европа ќе трае до последниот викенд во март 2018 година.

Преминувањето на летно и зимско сметање на времето првпат е забележано во 1916 година, во земјите на северот на Европа, а досега е воведено во околу 70 земји, за да се заштеди енергијата со тоа што периодот на дневната светлина од раните утрински часови ќе се „премести“ навечер.

Прегледи:
366
Ознаки:
·
Објавено на:
26.09.2017