Категории

Добитникот на РОМАНИЈАДА за 2016 година, од денес во официјална продажба

Митко Апостолов со неговата „Некои бладања од војната“ е добитникот на РОМАНИЈАДА – конкурс за најдобар роман меѓу младите неафирмирани македонски автори за 2016 година, кој го доделува издавачката куќа Култура.


Веќе трета година по ред, по распишан конкурс, наменет за млади неафирмирани книжевни автори од Република Македонија кои имаат дарба за пишување издавачката куќа Култура ја доделува оваа награда.

Со цел да се поттикне креативната мисла, како и да се дада шанса за промоција на млади автори во Македонија, но и пошироко во регионот, Култура открива таленти за читателската публика да има шанса да се запонзае со нивните дела и нивниот пишан збор да влезе во историјата на македонската книжевност.

Овогодинешниот добитник, Митко Апостолов, своето дело во издание на Култура го промовира овој септември, а веќе од денес е во официјална продажба во најстарата книжарница во градот. Локацијата е добро позната, на плошдат Македонија, а на вас останува да ја збогатите вашата полица со нашите нови и талентирани автори.

 

Прегледи:
533
Објавено на:
27.09.2017