Секогаш е добредојдено да се чујат животните приказни на личности кои се оствариле на професионално ниво и начинот на кој стигнале таму каде што се. За таа цел вчеравечер се одржа 25-тото по ред Бизнис Кафе Македонија, на кое се претставија успешни личности од нашата држава и во пријатна и опуштена атмосфера го раскажаа својот пат до успехот.
На ова бизнис кафе кое се одржа во Дистрикт барот во хотел Мериот земаа учество Зоран Мартиновски, раководител на МФК Корпорацијата на Светската банка за Македонија и Црна Гора и претседавач на Македонскиот економски самит, член на бордот на „Македонија 2025“, Јелена Арсовска, Managing Director на Меккен Скопје и Ранко Петровиќ – првиот човек на Радио Бубамара и организатор на популарното шоу “Златна Буба Мара на популарноста”.
На почетокот се претставија гостите, успешни сопственици – претприемачи, кои во отпуштена атмосфера одговараа на прашања на модераторот и гостите, делејќи го своето работно и животно искуство, проследено со бизнис вмрежување (speed dating) и дружење. По завршувањето на излагањето на секој од учесниците, Среќа.мк како медиумски спонзор им подари иновативни чаши со порака за ширење на среќата.
Како и секое досегашно Бизнис Кафе, така и ова, измами многу насмевки на лицата на посетителите кои на овој начин го збогатија своето искуство, остварија нови контакти и поттик за понатамошни успеси.