И додека главните луѓе во „Ѕвездите на Гранд“ се уште не се огласуваат по прашањето на која телевизија ќе се емитува во Србија, таму се шпекулира дека емитувањето е неизвесно.
По повод ваквите шпекулации кои кружат во регионалните медиуми, освен гледачите од соседството, љубопитна е и македонската публика која со нетрпение го очекува стартот на новата сезона и настапите на нашите Македонци кои ќе се натпреваруваат.
„Ѕвездите на Гранд“ во Македонија се емитуваат на Канал 5 телевизија, а бидејќи водителот Ване Маркоски беше домаќин на аудициите од наш терен, гледачите на отворената програма на телевизијата вчера го прашаа што се случува со музичкото шоу, каде е проблемот и кога ќе се емитува.
На прашањето кое го постави една гледачка, водителот и одговори дека станува збор само за технички проблем во врска со првата епизода од шоуто, која мора да биде усогласена со терминот кога ќе се емитува во Србија.
„Ѕвездите на Гранд“ ќе ги има, но кога точно, се уште е непознато…
Извор : Вистина.мк