За Sacha Kalis океанот е нејзиниот прв дом. Родена и израсната на Бахамите, таа „Bahamas Girl“ научила да плива уште пред да прооди.
Нејзината мајка, талентираната фотографка на подводниот свет Elena Kalis ја поттикнала Sacha да го искористи нејзиниот природен афинитет кон водата, слободно да го истражува прекрасниот простор исполнет со тропски растенија, интересни морски сушества и скриени богатства.
Таа е муза и чест модел на мајка си, која ја фотографира цел живот, уште како мала е портретирана како етерична нимфа во морскиот свет. Таа се движи лежерно, без никаков напор во подводниот свет, а нејзината длабока прврзаност со овој свет е очигледна од фотографиите.
Во било која поза, во било која улога, таа е совршената морска сирена.