Категории

Креативни торти и сладоледи кои секој би сакал да ги проба

Девојката Рејмонд од Мелбурн пред три години ги завршила нејзините магистерски студии на департманот сметководство, но подоцна сфатила дека не е нејзин интерес. Поради тоа, како хоби решила да започне да пече торти, кое подоцна станало нејзина работа од соништата.

Рејмонд е позната по уникатните дизајни на тортите и сладоледите на стапче кои самата ги прави. Тортите и сладоледите се во разновидни вкусови, од обичен путер до црн сусам, спанаќ, а од неодмана користи и солени жолчки од јајца.

Некои од нејзините дизајни се инспирирани од архитектурата, митските суштества, елементите на природата, цртаните ликови и нејзините патувања.

Mинатата година патувала во градовите Париз, Сингапур, Тајпеј, Бангкок Џакарта и Сеул за да ги обучува луѓето и да склучи соработна со нив.

 

Прегледи:
400
Објавено на:
31.10.2017