Во детството сме присилени да простуваме. На пример, кога другарот од соседството ви ја земал играчката, неговите родители го присилуваат да ви се извини, а вие мора да простите. Но, тогаш простувањето нема вистинско значење – можете да му замерувате за таа постапка уште долго време.
Кога ќе пораснеме, честопати очекуваме извинување, но, не го добиваме. Дури и кога луѓето ќе ни се извинат, го паметиме само тоа што ни го направиле и ја носиме тежината на тие лоши дела целиот наш живот. Секоја личност која преку своите постапки ни го зголемува товарот, не спречува да живееме мирен и опуштен живот.
Но, постојат луѓе кои можат да простат дури и на оние кои тоа не го заслужиле, поради овие причини:
Простувањето ни помага да продолжиме понатаму
Доколку не сме способни да простиме, во себе насобираме презир и незадоволство. Тоа значи дека таа болка ја чуваме внатре во нас. На тој начин, постојано размислуваме за случувањата кои не повредиле, наместо да се фокусираме на некои убави теми.
Вие сте личност која има потреба од простување
Тоа е поентата. Ние сметаме дека простувањето се однесува само кон онаа личност што не повредила и дека преку простувањето го тргаме тој ровар од грбот. Всушност, простувањето ни е потребно на самите нас. Не можеме да продолжиме понатаму без да простиме. Мора да простиме за да престанеме да живееме во минатото.
Простувањето е за секого
Не само за оној кој се извинува и бара прошка. Во спротивно, која е поентата на простувањето? Силните луѓе им простуваат дури и на оние кои не го заслужуваат тоа, бидејќи инаку таа омраза што ја чувствуваат ќе се одрази во односот со други луѓе. Тоа може да прерасне во траума, комплекс и може да предизвика недоверба во луѓето околу нас.
Да се прости значи да се зборави
Дури кога ќе простиме можеме да се помириме со нашето минато на начин кој нема да и попречува на нашата иднина. Кога ќе решиме да го заборавиме минатото и болката, тогаш отвораме пат за нови емоции и чувства.