Категории

Во тајност е променет рецептот на Нутела

“Ферреро” потврди дека рецептот за Нутела е променет, што предизвика бурна реакција кај љубителите на овој чоколаден намаз.

Центарот за заштита на потрошувачите во Хамбург на својот  Фејсбук профил објави дека една тегла Нутела сега содржи 8,7% одбрано млеко, за разлика од претходно, која содржеше 7,5%. Уделот на шеќер е зголемен од 55,9 % на 56,3%, додека уделот на какао и масти е намален.

Од “Ферреро” потврдија дека квалитетот и остатите карактеристики остануваат исти. Но, од здружението на потрошувачи изјавија дека намазот е посветол поради промената на рецептот. Тие веруваат дека од “Ферреро” го намалиле уделот на какаото.

Прегледи:
376
Објавено на:
07.11.2017