Категории

Цртежите на овој јапонски уметник изгледаат застрашувачки и реални

Можеби нема да се изнанедите какви неверојатни работи можат да се направат само со молив и хартија. Но, прекрасните цртежи на 22 годишниот јапонски уметник, Кохеи Омори, дефинитивно ќе ви го одземат здивот.

За изработка на проектите Омори троши повеќе од 200 часови, а вниманието кое го посветува за деталите е очигледно. Благодарение на засенчувањето, ултра-тенките линии и извонредно стабилната рака, дизајните на Омори изгледаат како да се реални, но и застрашувачки.

Неговата посветеност кон портретите е толку голема, што неговата публика од Твитер го нарекува “лудиот генијалец”.

Погледнете ги неговите портрети и уверете се.

Прегледи:
376
Објавено на:
07.11.2017