Кога станува збор за вежбањето, најдобриот избор е оној кој најмногу ви одговара и кој ќе ве направи најсреќни.
Сепак, за многу луѓе, основната цел од тренингот е да изгубат калории, па затоа потребно е да изберете физичка активност со која ќе согорите најмногу калории.
Во продолжение прочитајте кои од популарните спортови трошат најмногу калории.
Брзо трчање и скокање на јаже
Овие две активности трошат еднаков број на калории. Жени кои трчаат со брзина од 13 километри на час согоруваат 861, а мажите 1,074 калории. Со ова темпо, еден километар можете да го истрчате за седум минути.
Фудбал
Жените кои играат фудбал трошат 752, а мажите 937 калории на час
Пливање
Пливањето е една од активностите која “најмногу ги ангажира” мускулите на телото и која овозможува жените да потрошат 715, а мажите 852 калории на час.
Тенис и кошарка
Уште неколку активности кои согоруваат 584 кај жените, а мажите 728 калории на час.
Возење ролерки
Рекреативното возење ролерки им овозможува на жените да потрошат 548 калории на час, а на мажите 683 калории на час.
Лизгање на мраз
За време на оваа забавна активност, жените трошат 511, а мажите 637 калории на час, а почеста акробатика значи и поголем број на потрошени калории.
Скијање на вода
Кај жените оваа активност троши 438 калории, а кај мажите 546 калории на час.
Пешачење
Доколку пешачите еден час во текот на денот, жените ќе изгубат 438, а мажите 546 километри на час.
Скијање
Иако сезоната на скијање се уште не е започната, убаво е да се знае дека доколку скијаат еден час во текот на денот, жените ќе согорат 314, а мажите 391 калории.
Возење велосипед
Возењето велосипед е една од активностите која скоро сите луѓе ја применуваат. Возење велосипед со брзина до 20 километри на час им помага на жените да потрошат 292, додека мажите трошат 364 калории на час.