Навистина е ретко во денешно време да видиме некој кој е приврзан за животните и кој се однесува кон нив со голема љубов и внимание.
Овој човек сакајќи да направи нешто повеќе во животот, решил да ја напушти својата работа и домашниот имот да го претвори во засолниште за животни.
Семејната фарма стара повеќе од 100 години ја претворил во засолниште за животни на кои им била потребна помош.
Најпрво вдомил две телиња, а кога сфатил колку се слободни и среќни, сфатил дека направил нешто многу добро. Затоа, вдомил и свињи, живина, магаре и крава. Кон нив никогаш не се однесува како кон предмети, затоа што и тие се создадени да живеат без страдање и болка.
Сите животни бараат љубов, топлина и внимание, а овој човек им пружа и многу повеќе.