Категории

Домашна „вакцина“ против грип

Сезоната на грип веќе започна, а ладното и променливо време е многу погодно за ширење на вирусните заболувања. За да го зајакнете телото и да се подготвите за борба важно е да се зајакне имунолошкиот систем. Но и кога грипот ќе се појави важно е да реагирате во што ќе ви помогнат следните состојки. Оваа подготовка е многу силна и со нејзина помош ќе се ослободите од симптомите за многу кратко време.

Комбинацијата на овие состојки е совршена за борба против грип.

Потребни состојки:

4 чешниња лук

2 лажици мед

½ лажичка куркума

2 лажици рендан ѓумбир

½ чили пипер

3 чаши сок од портокал

1/3 сок од лимон

Подготовка:

Измешјате ги состојките, измиксирајте во блендер и истурете во стаклено шише. Напијте се по една чаша сок на ден, 3-4 дена по ред. Смесата е одлична за зајакнување на имунитетот, против грип или настинка. Сокот чувајте го во фрижидер.

Прегледи:
391
Објавено на:
08.11.2017